Венецуела неделава ќе ослободи 300 затвореници, соопшти претседателот на Парламентот
- Во групата за ослободување се очекува да бидат вклучени тројца полициски службеници кои се во притвор од 2003 година, лица со здравствени проблеми и лица постари од 70 години.
Каракас, 20 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригес, синоќа изјави дека во текот на оваа седмица ќе бидат ослободени 300 затвореници.
Во групата за ослободување се очекува да бидат вклучени тројца полициски службеници кои се во притвор од 2003 година, лица со здравствени проблеми и лица постари од 70 години.
Родригес не прецизираше дали посочените 300 лица спаѓаат под Законот за амнестија усвоен во февруари.
Владата на Венецуела постојано негира дека држи политички затвореници, тврдејќи дека лицата во затвор се осудени за кривични дела. аб/ссм
фото/МИА архива