• четврток, 25 април 2024

Велика Британија ќе ги продолжи нултите царини за украински стоки до март 2024 година

Велика Британија ќе ги продолжи нултите царини за украински стоки до март 2024 година

Лондон, 20 март 2023 (МИА) - Велика Британија ги намали царините на нула за сите стоки од Украина во мај минатата година, а во ноември начелно се согласи на дигитален трговски договор со Киев. Овој договор меѓу Велика Британија и Украина ќе биде потпишан денеска на состанокот на украинските министри и британските бизнисмени во Лондон.

Британската секретарка за бизнис и трговија Ками Беднок го опиша договорот за дигитална трговија како историски и рече дека го отвора патот за нова ера на модерна трговија меѓу двете земји.

Договорот ќе и даде на Украина гарантиран пристап до финансиските услуги во Велика Британија за време на напорите за опоравување. Особено, тоа ќе го олесни прекуграничниот проток на податоци и ќе ги направи електронските трансакции поефикасни.

Велика Британија ќе биде домаќин на конференција за обнова на Украина во јуни.

Обединетото Кралство соопшти дека нејзината воена, хуманитарна и економска поддршка за Украина, објавена од почетокот на инвазијата, изнесува повеќе од 4 милијарди фунти. паг/

 


Остани поврзан