• вторник, 23 април 2024

Велешките средношколци се едуцираат за безбедност во сообраќајот

Велешките средношколци се едуцираат за безбедност во сообраќајот

Велес, 24 март 2023 (МИА) - Средношколците од Велес од денеска и во текот на наредните денови ќе слушаат предавања за безбедност во сообраќајот во организација на Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво. Предавање на оваа тема денеска се одржа меѓу велешките гимназијалци од претставник на ОСПДП, Грозданчо Сутинов.

Од Општина Велес потенцираат дека на ваков начин треба да се подигнува јавната свест кај средношколците.

- Целта на предавањата е да се влијае на свеста кај учениците за подобрување и зголемување на безбедноста во сообраќајот низ градските улици, потенцираат од Општина Велес.

Во понеделник исто вакво предавање ќе се одржи  во ССОУ „Коле Неделковски“ со почеток во 14:30 часот.

-Во текот на наредната недела вакви предавања ќе се одржат и во останатите средни училишта во Хемиското ССОУ „Димитрија Чуповски“ и во ССОУ „Коле Неделковски, информираат од Општина Велес. ад/сст/

фото МИА

Остани поврзан