• понеделник, 13 јули 2026

Валандово домаќин на традиционалната манифестација за песни и ора на пензионерите од Македонија

Валандово домаќин на традиционалната манифестација за песни и ора на пензионерите од Македонија

Валандово, 9 јуни 2026 (МИА) - Пензионери од 26 градови од земјава денеска ќе настапуваат во фестивалската сала „Јанко Узунов" во Валандово, во рамки на традиционалната манифестација која ја организира Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

Домаќин на 16-тата Републичка манифестација на песна, музика и игри оваа година е Здружението на пензионери на Валандово. 

- Предвидено е да настапат пензионери од 26 градови во Македонија или вкупно 450 учесници. На настанот тие ќе се претстават со свои музички изведби, настапи, песни и ора. На овој начин Валандово продолжува да ја докажува и покажува својата традиција на град на песната, велат организаторите.

Пријавените учесници се пензионери од повеќе градови меѓу кои Охрид, Дебарца, Македонска каменица, Гостивар, Струмица, Крушево и други.рш/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа