Бугарија: Невработеноста во октомври е 5,15 отсто, соопшти Агенцијата за вработување
- Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
Софија, 18 ноември 2025 (МИА/БТА) – Регистрираната невработеност во Бугарија за октомври е 5,15 отсто, соопшти Агенцијата за вработување. Тоа е за 0,08 процентни поени пониско во споредба со истиот месец од претходната година. Во текот на месецот регистрирани се 146.055 невработени лица.
Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
Работа започнале 14.525 невработени и уште 1.391 вработени, ученици и пензионери кои побарале поддршка за нов кариерен развој, соопштија од агенцијата. Вкупниот број лица кои преминале во вработување во текот на месецот е 15.916. Повеќе од 6.080 економски неактивни лица биле мотивирани да преземат први чекори кон вработување, додадоа од агенцијата.
Од таму бележат уште дека 3.507 лица од ранливи групи, меѓу кои лица со попреченост, млади без искуство, лица над 55 години и долгорочно невработени, започнале работа преку програми за субвенционирано вработување. Од нив 1.683 се вклучени во проекти финансирани од Програмата „Развој на човечките ресурси 2021 – 2027“, кофинансирана од Европскиот социјален фонд плус.
Во соопштението се наведува дека Агенцијата за вработување продолжува да инвестира и во зголемување на квалификациите. Во октомври се издадени над 12.500 ваучери за обука на невработени и вработени лица со цел адаптација кон барањата на современата економија, обележана со забрзана дигитализација и технолошка трансформација.
Работодавачите пријавиле 8.479 слободни работни места на примарниот пазар на трудот. Најголем дел од нив се во преработувачката индустрија (26,1 отсто), образованието (13,2 отсто), трговијата и поправката на автомобили (11,7 отсто), државната управа (11,2 отсто), угостителството (6,9 отсто) и административните и помошните дејности (5,9отсто).
Меѓу најбараните професии во текот на месецот се издвојуваат персонал што се грижи за луѓе, оператори на машини и опрема, продавачи, персонал во областа на личните услуги, работници во рударската и преработувачката индустрија, градежништвото и транспортот, металурзи, машиноградители и сродни на нив и занаетчии, наставници, работници за собирање отпад, стопански и административни службеници, возачи на моторни возила и подвижна опрема, чистачи и помошници, како и работници во производството на храна, облека и дрвени производи.
Од Агенцијата за вработување соопштија дека стапката на регистрирана невработеност во септември е 5,06 отсто, што е за 0,13 процентни поени пониско во споредба со истиот месец од претходната година. Работа во септември започнале 17.137 лица. Од нив 15.475 се невработени, а 1.662 — вработени, ученици и пензионери. Тие побарале поддршка од бироата за вработување во земјата.
____________________________________________________________________________________
Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.