• четврток, 15 октомври 2026

Бројот на жртви во пожарот во училиштето во ДР Конго се зголеми на 24

Бројот на жртви во пожарот во училиштето во ДР Конго се зголеми на 24

Киншаса, 10 септември 2026 (МИА) - Бројот на жртви од пожарот во училиштето во градот Букаву, кој е под контрола на бунтовниците, во Демократска Република Конго се искачи на 24, а 29 лица се повредени, изјави Масумбуко Бвенге, функционерка на бунтовничката администрација.

Претходно беше објавено дека во пожарот загинале најмалку 17 лица.

Бвенге изјави дека две училишта и околу 300 дрвени куќи биле уништени во пожарот, а меѓу загинатите имало 19 девојчиња и пет момчиња.

Бвенге е заменик-гувернер на покраината Јужен Киву, каде што се наоѓа градот Букаву, а бунтовничката администрација е назначена од движењето AFC/M23, со поддршка на Руанда.

Движењето AFC/M23 соопшти дека е во тек истрага за причината за пожарот.

Бунтовниците го освоија Букаву за време на молскавичниот напредок низ источен Конго на почетокот на минатата година.сд/

Фото:Икс