• понеделник, 25 септември 2023

Бројот на жртви во земјотресот во Турција и Сирија надмина 12.000

Бројот на жртви во земјотресот во Турција и Сирија надмина 12.000

Анкара, 8 февруари 2023 (МИА) – Бројот на загинати во разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија сега е најмалку 12.049 лица, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на локалните власти.

Вкупниот број на смртни случаи во Сирија се искачи на 2.992, вклучително и 1.730 во областите под контрола на бунтовниците на северозапад, соопшти волонтерска организација „Бели шлемови“. Најмалку 1.262 смртни случаи се во делови на Сирија кои се под контрола на владата, според сириските државни медиуми.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека според најновите податоци, број на загинати во Турција сега изнесува најмалку 9.057, а пријавени се 52.979 повредени.

Вкупниот број на повредени лица во Сирија на сите погодени територии се искачи на 5.108, и во областите под контрола на бунтовниците и на владата.

Најмалку 58.087 луѓе се повредени и во Сирија и во Турција, според податоците на турската влада, Белите шлемови и сириските државни медиуми. јт/

Остани поврзан