• четврток, 25 април 2024

Борел по средбата со Курти: Моменталната ситуација е опасна и неодржлива

Борел по средбата со Курти: Моменталната ситуација е опасна и неодржлива

Братислава, 31 мај 2023 (МИА) - Сегашната состојба е опасна и неодржлива. Потребна ни е итна деескалација и решение преку дијалог, како и да се вратиме на работа на имплементација на постигнатиот договор, тоа го објави на Твитер високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Објавата беше дадена по состаник во Братислава со косовскиот премиер Албин Курти. 

Мирни протести на насобрани граѓани се уште траат во Звечан, каде припадниците на КФОР се распоредени на оддалеченост од околу 30 метри од општината, како и пред станбена зграда во близина.

Припадниците на КФОР кои се во близина на општината се зад бодликава жица и метални огради, а граѓаните закачија српски знамиња на металната ограда. зш/

Остани поврзан