• среда, 24 април 2024

Борел: Европскиот самит ќе испрати „силна порака“ за единство до Русија

Борел: Европскиот самит ќе испрати „силна порака“ за единство до Русија

Булбоака, Молдавија, 1 јуни 2023 (МИА) – Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изрази надеж дека состанокот на речиси 50 европски лидери во Молдавија ќе испрати „силна порака“ до Русија.

Самитот, кој се одржува во молдавскиот град Булбоака, на околу 20 километри од украинската граница, треба да покаже дека Европа е обединета во одбраната на меѓународниот поредок, рече тој.

- Важно е оваа порака да стигне до Русија, рече Борел пристигнувајќи на состанокот на кој не се поканети Русија и Белорусија.

Русија не е присутна на состанокот не затоа што организаторите не сакаа да ја поканат, туку затоа што рускиот претседател Владимир Путин ја исклучи својата земја од европската заедница со тоа што започна неоправдана војна против Украина, истакна тој. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан