• недела, 21 април 2024

Блинкен: Со европските колеги имав интензивна и продуктивна дискусија за вештачката интелигенција

Блинкен: Со европските колеги имав интензивна и продуктивна дискусија за вештачката интелигенција

Стокхолм, 31 мај 2023 (МИА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека тој и неговите европски колеги на Советот за трговија и технологија, што се одржува во Шведска, имале интензивна и продуктивна дискусија поврзана со вештачката интелигенција.

Тој посочи дека Советот дал важен придонес во создавањето на доброволен етички кодекс кој ќе биде отворен за пристап од сите „страни со истомисленици“.

Блинкен изрази жалење поради што не се одржа средба помеѓу американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и кинескиот министер за одбрана Ли Шанфу.

Тој ја повтори важноста од редовни контакти и отворени канали за комуникација со Пекинг.

- Најопасна работа е немање комуникација, рече Блинкен. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан