• петок, 29 март 2024

Блинкен остро го искритикува Си Џинпин поради „дипломатско прикритие“ на Путин при посетата на Москва 

Блинкен остро го искритикува Си Џинпин поради „дипломатско прикритие“ на Путин при посетата на Москва 

 

Вашингтон, 21 март 2023 (МИА) Американскиот државен секретар Ентони Блинкен укажа дека кинескиот претседател Си Џинпин му прави „дипломатско прикритие“ на рускиот лидер Владимир Путин, во време кога Кремљ води војна во Украина. 

За време на брифингот во Стејт департментот синоќа Блинкен укажа дека САД очекуваат во текот на неговата тридневната посета на Москва Си Џинпин да ги повтори повиците на Кина за прекин на огнот меѓу Русија и Украина. 

-Фундаментален елемент за секој план за окончување на војната во Украина и создавање праведен и долгорочен мир е потврдата на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина соодветно Декларацијата на Обединатите нации, изјави тој. 

Додаде дека ако Кина навистина се залага да подржи прекин на огнот, треба да ја повика Украина и нејзиниот лидер Володомир Зеленски на мировни преговори, но додаде дека Русија нема искрени намери за мировен договор. 

-Патувањето на претседаелот Си во Русија кратко по објавениот налог за апсење на претседателот Путин од страна на Меѓународниот кривичен суд укажува дека Кина не чувствува одговорност да го повика Кремљ на одговорност за злосторствата извршени во Украина, па дури и да ги осуди, а уште повеќе обезбедува дипломатско прикритие за Русија да продолжи да ги врши истите тие злосторства, изјави првиот дипломат на САД. 

Меѓународниот кривичен суд во петокот објави налог за апсење на Путин и уште еден руски службеник по обвиненија за воени злострства, извршени за време на инвазијата на својот помал сосед која трае повеќе од една година. 

Претседателот на САД Џо Бајден го коментираше налогот како „оправдан“, изјавувајќи дека Путин „определено извршил воени злосторства“. 

САД и многу други западни земји стравуваат дека Кина може да започне со вооружување и помош на Русија во нејзната војна против Украина. кб/ 

Остани поврзан