Билчик: Потребна е вистинска истрага за настаните во Бањска
- Известувачот на Европскиот парламент за Србија Владимир Билчик денеска го оцени како неприфатлив неодамнешниот конфликт на север во Косово и повика на вистинска истрага.

Брисел, 4 октомври 2023 (МИА) - Известувачот на Европскиот парламент за Србија Владимир Билчик денеска го оцени како неприфатлив неодамнешниот конфликт на север во Косово и повика на вистинска истрага.
„Она што се случи во Бањска во Косово е неприфатливо. Ни треба вистинска истрага за сите настани и за пукањето“, напиша Билчик на социјалната мрежа Х.
Тој додаде дека Белград и Приштина имаат огромна одговорност да се вратат на значаен дијалог.
Според него, нестабилноста и користи само на Русија и ја загрозува регионалната безбедност. ссм/