• петок, 19 април 2024

„Бидете херои на чесноста“ - кампања за борба против корупцијата

„Бидете херои на чесноста“ - кампања за борба против корупцијата

Скопје, 22 мај 2023 (МИА) - Во основното училиште „Братство” во Скопје денеска ќе се одржи третото по ред предавањето во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“.

Кампањата е на Државната комисија за спречување на корупција е дел од Активноста за анти-корупција и интегритет која ја спроведува Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС, а е финансирана од УСАИД.

Како што е најавено, целта е преку кампањата ученците и ученичките да се едуцираат за поимите интегритет и корупција, за да се подигне свеста кај нив за штетните ефекти од корупцијата, како и да се создаде антикорупциско движење во земјава кое би придонело за општество со нулта толеранција за корупција.

На настанот најавено е обраќање на претседателката на Државна комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска. бт/свс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан