Бен Гвир предупредува на потенцијална „катастрофа“ од договорот за заложници
- Министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир утрово објави изјава во која предупредува за евентуалниот договор за заложниците.

Тел Авив, 21 ноември 2023 (МИА) – Министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир утрово објави изјава во која предупредува за евентуалниот договор за заложниците.
- Многу сум загрижен затоа што се зборува за некаков договор … не ни откриваат детали и не ни ја кажуваат вистината. Гласините се дека Израел повторно ќе направи голема грешка на сличен начин како договорот за со Шалит, се вели во изјавата.
Тој изрази загриженост дека „договорот што може да донесе катастрофа“, наведувајќи го „можното ослободување на палестинските затвореници“, како и дозвола за внес на гориво во Појасот, јави Тајмс оф Израел.
Во јуни 2006 година, милитантите на Хамас го киднапирале израелскиот војник Гилад Шалит. Тој бил заложник на Хамас до 18 октомври 2011 година, кога бил разменет за 1.027 палестински затвореници. јт/
Фото: МИА архива