• сабота, 09 декември 2023

Без струја утре ќе бидат делови од Чаир и Кисела Вода

Без струја утре ќе бидат делови од Чаир и Кисела Вода

Скопје, 21 септември 2023 (МИА) - Дел од Општина Чаир и дел од Кисела Вода утре ќе останат без електрична енергија, сооппшти Центарот за управување со кризи, пренесувајќи известување на ЕВН Македонија АД.

Од Општина Чаир без струја ќе бидат корисниците од ул. Роналд Реган од број 4 до број 20, како и корисниците од ул. Благоја Паровиќ од број 4 до број 20, во периодот од 08:00 до 10:00 часот.

Без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците од улиците Серска и Востаничка во Кисела Вода, во периодот од 09:00 до 11:00 часот, како и дел од корисниците од ул. Невена Георгиева Дуња во периодот од 12.00до 15.00 часот. сан/ац/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан