Без струја корисници во Центар, Кисела Вода и Карпош
Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат корисниците од ул. „Црвена Вода“ бр. 7 во општина Центар, а од 9 до 13 часот од ул. Саса - крак 24 во општина Кисела Вода.
Прекин во снабдувањето со струја денеска од 9 до 14 часот ќе има за дел од корисниците од ул. „6“ во населба Бардовци во општина Карпош, а од 09.15 до 15.15 часот од улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“, како и објектот на Музејот на Современа Уметност – Скопје во општина Центар, информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје. лв/
фото: МИА архива