Без вода неколку улици во Скопје
- Засегнатите ќе бидат без вода за пиење до завршување со санација на дефектите.

Скопје, 20 ноември 2023 (МИА) - Поради дефект на ПП хидрант на улицата „Плачковица“ број 51, прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа улица, како и од улиците „Гвадалахара“ и „Нов живот“, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Додека, поради уличен дефект на улицата „Димо Хаџи Димов“ број 101 во Кисела Вода, прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа улица.
Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санација на дефектите. бд/са/
Фото: МИА архива