Без вода населбите Трнодол, Жданец и дел од Нерези
- Од 9:00 часот утрово без вода ќе бидат населбите Трнодол, Жданец и дел од Нерези, информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.
Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Од 9:00 часот утрово без вода ќе бидат населбите Трнодол, Жданец и дел од Нерези, информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.
Причина за прекинот е изведување водоводен приклучок ф-100 мм на ул. „Нерешка“ 8б.
Вода нема да има до завршување на работните активности. мч/
фото: МИА архива