• сабота, 20 април 2024

Бајден вели дека тој и републиканците се блиску до постигнување договор за националниот долг

Бајден вели дека тој и републиканците се блиску до постигнување договор за националниот долг

Вашингтон, 27 мај 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден верува дека демократите и републиканците во Конгресот се блиску до постигнување договор за зголемување на плафонот на националниот долг за да се избегне САД да станат неспособни да ги сервисираат своите долгови. Американскиот лидер очекува да има јасност за ова прашање до полноќ по локално време.

„Што се однесува до зголемувањето на плафонот на долгот, сè изгледа добро. Јас сум доста оптимист“, рече тој, цитиран од неговата прес-служба. „Се надеваме дека до полноќ ќе знаеме дали можеме да постигнеме договор.

Според Бајден, договорот е „многу блиску“.

Секретарот за финансии Џенет Јелен го прилагоди датумот од кој САД нема да можат да го сервисираат својот долг доколку не се подигне плафонот на задолжувањето. Според новите очекувања на нејзиниот оддел, тоа ќе биде 5 јуни, а не 1 јуни, како што беше претходно најавено. ссм/

Остани поврзан