• четврток, 15 мај 2025

Барселона сака да го продолжи договорот со Флик до 2027 година

Барселона сака да го продолжи договорот со Флик до 2027 година

Барселона, 29 април 2025 (МИА) – Раководството на Барселона ги продолжува преговорите со тренерот Ханси Флик за нов договор. Според инсајдерот „Фабрицио Романо“, договорот ќе биде склучен во мај.

Германскиот фудбалски стручњак сака да остане во клубот. Барселона планира да го продолжи договорот на Флик до јуни 2027 година со опција за продолжување на уште една сезона.

Барселона е лидер во Ла Лига со 76 бодови. 

Во саботата, Каталонците го победија Реал Мадрид (3:2 по продолженија) во финалето на Купот на Шпанија.

Во Лигата на шампионите Барселона утревечер ќе го пречека Интер во првиот меч од полуфиналната пресметка. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан