• петок, 19 април 2024

Барселона постави рекорд во Ла Лига за „чисти мрежи“ во првите 27 кола

Барселона постави рекорд во Ла Лига за „чисти мрежи“ во првите 27 кола

Мадрид, 2 април 2023 (МИА) – Екипата на Барселона синоќа го победи Елче на гостински терен во натпреварот од 27. коло од Шпанското фудбалско првенство со резултат 4:0.

 

Овој натпревар беше 20-ти за каталонскиот тим во кој не примија голови, што е рекордна бројка за 27 кола во Ла Лига.

 

Исто така, Каталонците оваа сезона примија само девет гола на 27 натпревари, што е и рекорд во лигата.

 

Барселона е прва на табелата во шпанската лига со 71 бод. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан