• среда, 29 ноември 2023

Асфалтирање неколку улици во општина Илинден

Асфалтирање неколку  улици во општина Илинден

Скопје, 25 септември 2023 ( МИА) - . Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура деновиве Општина Илинден  работи на постоечката патна инфраструктура, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта.

Како што се наведува во соопштението од  Општина Илинден, ќе бидат асфалтирани 9 краци од улицата „11“  од кои за прв пат асфалт ќе добијат двата крака ( крак 1 и крак 4) , а во наредните денови ќе бидат асфалтирани и останатите седум  краци.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека овие улици целосно се реконструираат и асфалтираат по претходно изградените краци за прифаќање и одведување на фекални води, како и изградба на дел од водоводна мрежа. Тој посочи  дека граѓаните од овој дел на населеното место ќе им се подобри комуналната и патната инфраструктура, а исто така ќе им се подобри и квалитетот на живот.

Општина Илинден и во наредниот период продолжува со активности за изградба, санација и реконструкција на локалните улици и патишта со цел подобрување на локалната патна инфраструктура. љм/са/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан