• среда, 16 септември 2026

Артета: Кога има гласини за трансфер околу нашите играчи, тоа е добар знак

Артета: Кога има гласини за трансфер околу нашите играчи, тоа е добар знак

Лондон, 13 август 2026 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета, коментираше за гласините за трансфер околу дефанзивецот Мајлс Луис-Скели.

Во последните денови, 19-годишниот Англичанец беше поврзуван со можни трансфери во Челзи и Манчестер јунајтед.

Тој го започна пријателскиот натпревар против Комо. Постигна гол за Арсенал, по што го покажа срцето на трибините во знак на прослава, а потоа го допре грбот на клубот на дресот додека се враќаше на централното поле.

- Добро е да се покаже емоција по гол, мора да се биде емотивен кога се постигнува гол. Тој е многу емотивен играч, тоа може да се види во неговите гестови на теренот. Нема да зборувам за гласини - ако има гласини околу нашите играчи, тоа е добар знак - тоа значи дека нашите играчи привлекуваат внимание и добро си ја вршат работата, изјави Артета за британските медиуми.

Во сезоната 2025/26, Луис-Скели има две асистенции во 36 натпревари.

Договорот на фудбалерот со Арсенал е до 30 јуни 2030 година. зс/

Фото: ЕПА