• петок, 19 април 2024

Анчелоти: Сите тренери имаат добиено отказ, освен Гвардиола

Анчелоти: Сите тренери имаат добиено отказ, освен Гвардиола

Мадрид, 2 февруари 2023 (МИА) - Карло Анчелоти проговори за судбината на фудбалските тренери. Предводникот на Реал Мадрид ова го направи на прес-конференција пред одложениот натпревар од 17. коло на Ла Лига со Валенсија, која неодамна го раскина договорот со Џенаро Гатузо.

-Ова е реалноста за тренерите. Сите некогаш сме биле отпуштени, освен Гвардиола. Но, дури и Пеп ќе добие отказ еден ден ако продолжи да ја работи оваа професија. Ова ми се случи во кариерата, но се уште сум тука, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид вечер од 21 часот ја пречекува Валенсија во обид да забележи победа и да се доближи до лидерот на табелата Барселона која во моментов има осум бодови предност. зс/

Остани поврзан