• вторник, 13 октомври 2026

Андоновска: Додека СДСМ си ја "ишка мувата" за нивната одговорност, остануваме посветени на здравствените предизвици и одговорности

Андоновска: Додека СДСМ си ја

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Додека СДСМ си ја "ишка мувата" за нивната одговорност, остануваме посветени на здравствените предизвици и одговорности, објави Марија Андоновска, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално. 

Мали Фрчко не само да намали, туку да престане со "цртите", не е добро за здравјето! 

Јавното обвинителство веќе постапува и јас ги охрабрувам да истражат најпрофесионално до последен факт и да утврдат одговорност. 

Со години институциите (лабораториите) пријавувале неправилности со водата, не само во Гостивар, туку и во други градови. 

СДС молчел, се криело од јавноста и граѓаните, иако граѓаните трпеле здравствени последици. Никој не знаел кој е причинителот на здравствените проблеми, бидејќи на СДС не било приоритет здравството и грижата за населението, туку приоритет им било "лоповлук" и лично богатење. 

Знаел и Венко(МЗ), знаела и Рената( ДСЗИ), знаел и тогашниот директор на АХВ, сите знаеле! Добивале писмени известувања од Центрите за јавно здравје, ИЈЗ, приватни акредитирани лабаратории за испитување квалитет. 

Сите овие известувања кои ги добивале и молчеле, ќе бидат доставени до јавноста и до обвинителството. 

Не смее да е исто и не е исто! 

Сите надлежни институции, вклучително и здравствените имаа соодветен одговор и дено-ноќно работат за граѓаните на Госивар добијат квалитетна вода, а воедно се достапни за доставување на информации и документација која ќе биде побарана. 

Ајде Венко уште денес да влеземе во судница и јавно пред сите медиуми и целата јавност, да разговараме и да ги извадиме фактите и аргументите и за Гостивар, и за прочистителната станица во Гостивар која сеуште не била ставена во функција и за известувањата за неисправна вода во повеќе градови за која сте молчеле и за ограбените и распаднати здравствени институции кои си ги оставил, за модуларната болница, за Ковидот, за 10 тони опасен хемиски отпад кој можеше да направи голема хаварија во сред Клинички а си го оставил со години иако си знаел , да зборуваме и за лабараторијата од трет степен на безбедност, која си ја отворал во ИЈЗ за која има странска донација, а не проработела ни минута затоа што не е довршена, тоа што е направено е во голем дел погрешно изведено, а фирмата изведувач веќе не постои....а си знаел, во иста зграда си бил...

Ајде Венко имаме уште многу што да разговаравме, каков "пепел" оставивте и што се превземаме за да ги вратиме институциите во кондиција! 

Верувам во професионалноста на обвинителството и верувам дека секој ќе си го добие местото кое го заслужува согласно законот и прописите. 

Додека СДС си ја "ишка мувата" за нивната одговорност, остануваме посветени на здравствените предизвици и одговорности.  

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа