Ангелов: Активен пожарот во атарот на селото Рамни Габер, гасењето ќе продолжи рано наутро
- - За жал, ќе продолжи и во текот на ноќта. Линијата на огнот е доста долга. Во текот на денот дејствуваа трети Ер трактори. Значително го успорија но истиот не е изгаснат. Овде на лице место дејствуваа припадници на скопската Бригада за протипожарна заштита, поддржани од тимови на Дирекцијата сочетири Пинцгауери. Акцијата на гаснење на овој пожар ќе продолжи рано наутро со пешадија а подоцна ќе се приклучат трите Ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување - изјави Ангелов.
Скопје, 12 август 2026 (МИА) - Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вечерва изјави дека пожарот во атарот на селото Рамни Габер во Општина Студеничани е се уште активен и оти линијата на огнот е доста долга. Гасењето на пожарот ќе продолжи утре рано наутро.

- За жал, ќе продолжи и во текот на ноќта. Линијата на огнот е доста долга. Во текот на денот дејствуваа трети ер трактори. Значително го успорија но истиот не е изгаснат. Овде на лице место дејствуваа припадници на скопската Бригада за протипожарна заштита, поддржани од тимови на Дирекцијата со четири Пинцгауери - рече Ангелов.

Акцијата на гаснење на овој пожар, како што најави тој, ќе продолжи рано наутро со пешадија, а подоцна ќе се приклучат и трите ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување.

До 17 часот денеска во земјава имаше 21 пожар, што е рекорд за ова лето. ев/вј/
Фото: ДЗС