• вторник, 23 април 2024

Високата старосна граница на судиите ќе ги испразни судниците, ефикасноста на судовите пред нов предизвик

Високата старосна граница на судиите ќе ги испразни судниците, ефикасноста на судовите пред нов предизвик

Струга, 21 мај 2023 (МИА) - Недостигот на судии во македонските судови влијае на квалитетот на пресудите. Голем дел од судовите работат со помалку од една третина од предвидените судии. Тоа значи трипати повеќе работа за секој судија, трупање предмети, одолговлекување на пресудите. Ова е дел од заклучоците од анализата што ја направија дописниците на МИА во државата.

Судскиот совет неодамна распиша конкурс за вработување на 30 судии, но тоа не е ниту приближно до пополнување на бројката од испразнети 230 судски места на ниво на држава.

Новоизбраните членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија Мирјана Радевска-Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на

Според информациите од Судскиот совет, на објавениот оглас досега биле пријавени 13 кандидати.

- Интересот на кандидатите од Академијата за судии и јавни обвинители е првенствено во поголемите судови, пред се Основниот кривичен суд Скопје и Основниот граѓански суд Скопје, информираa од Судскиот совет.

Бројот на судии ќе се намалува пред се поради високата старосна граница и пензионирањето на голем дел од актуелните. Немањето стратегија од пред 10-тина години причина за таквата состојба

Доколку пред 10-тина години се направела анализа кој судија кога ќе оди во пензија и колку празни места ќе останат, а со тоа и да се создава кадар според потребите, македонските судови немаше да се соочат со актуелната состојба.

Оставени сами на себе претседателите на судовите се снаоѓаат и им помагаат на своите колеги во предметите со цел поквалитетно судство и да не трпат граѓаните.

Според претседателот на Основниот суд во Струга Ифет Бајрамоски, не била направена соодветна програма.

- Од 2010 година до сега пензионирани се 10 судии, а не е избран ниту еден. Значи не се направи соодветна стратегија, да се следи секој суд. Требаше да се земе предвид дека од 2010 до 2026 година во овој суд, од 15-те судии нема да остане ниту еден, истакна Бајрамоски.

Доколку не се изберат нови судии Струшкиот суд од идната 2024 година ќе остане само со еден судија.

- Проблемот е што во Акадмеијата за судии и јавни обвинители моментално има тројца слушатели од ова подрчаје. Тие ќе излезат во 2025 година во најдобар случај. Судскиот совет донесе одлука за пополнување четири судиски места за овој суд, меѓутоа од ова подрачје нема ниту еден со завршена обука за судија на Академијата, појасни Бајрамоски.

Судскиот совет за МИА потврди дека и за Основниот суд Струга е објавен оглас за избор на четири судии од редот на Академијата за судии и јавни обвинители, но дека немало пријавено кандидати.

- Секако дека Судскиот совет има Стратегија за пополнување на испразнетите места, секој координатор опредлен за следење на работата на судовите ја следи состојбата по однос на прилив на предмети, број на решени предмети, стари предмети, застарени предмети, остаток на предмети и слично. Се прават темелни анализи и се преземаат соодветни мерки, соопштија од Судскиот совет.

Изменетиот Закон за работни односи причина за големиот дефицит на судии

Една од причините за недостиг на судии во повеќето судови во државата, според Судскиот совет, е измената на Законот за работни односи, каде беше предвидено продолжување на договорот за вработување согласно поднесена изјава, но не подоцна од 30 јуни 2022 година.

- Поради тоа на голем дел од судиите им беа одбиени како неосновани барањата-изјавите за продолжување на мандатот и за истите се донесени решенија за престанок на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија, истакна Судскиот совет.

Струшкиот основен суд работи со една третина од потребните судии

Од предвидени 15, струшкиот Основен суд работи со само шест судии, заедно со претседателот, од кои еден е позајмен од Охридскиот. Со трипати повеќе предмети од предвидените норми, судиите остануваат прекувремено на работа, а материјали носат и дома за да постигнат. Ова е сликата со повеќето судови во државата, каде недостасуваат судии, но и оние што работат се со повисока старосна граница, па доколку државата посериозно не се позанимава на темата, судниците ќе останат празни, односно ќе нема кој да носи пресуди. Ќе се трупаат предмети, а ќе трпи правосудниот систем и граѓаните.

Претседателот на Основен суд Струга Ифет Бајрамоски во разговор за МИА вели дека состојбата е многу тешка, петмина судии, несметајќи го него како претседател работат на граѓанска материја, кривична постапка, прекршоци..., а некои се членови и на кривичен совет. Покрај функцијата претседател вели дека и тој им помага на колегите во вонпарнични предмети.

- Прво ги земаме итните предмети. Предметите со определен притвор, на осомничени лица, потоа се земаат наредби и обезбедување докази. Има многу предмети. Граѓанските судии имаат по околу 400 и сите се со рок да се насочат. Неможе да се стигне. Судиите се толку оптеретени што остануваат и после работното време, дури и она што не смеат да го прават, земаат и дома да работат, за да постигнат со предметите, вели Бајрамоски.

Старосната граница на судиите е висока

Бројот на слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители, според него, е ограничен, а селекцијата е голема.

- Треба да се внимава на старосната граница на судиите и да се анализира секој суд со минус колку судии ќе остане за одреден времеснки период и тој број на судии што ќе се пензионира да биде пополнет во вистинско време. Да не останат испразнати судиските места. Инаку тешко доаѓање на граѓаните до правдата, нагласи претседателот на Судот во Струга.

И неговиот наследник ќе мора да се соочи со проблемите што ќе останат, бидејќи за нецела година актуелниот претседател ќе оди во пензија.

- Голем број предмети доаѓаат секојдневно и граѓански и прекршочни и кривични и тие се наталожуваат. Има предмети кои се со рок за разрешување до шест месеци и тие се приоритетни. Притворските предмети се решаваат веднаш, работните и статусните се исто така со рок до шест месеци. Стечаите се исто од итен карактер. Од итен карактер се прекршочните, со странски елемент... И останатите се процесуираат, но мора да се напишат, а термините и судиите се полни со несрочени предмети, подвлече Бајрамоски.

Високиот судски совет (ВСС), највисокиот судски орган во земјата, одлучи да го намали бројот на првостепени судови од 22 на 13, на апелациските судови од шест на еден и на управните судови од

Реакција, истакна, имало и од адвокатите посебно за предметите од вонпарничен карактер. Пратиле и писмено барање за изнаоѓање решение за побрзо решавање на тие предмети, но, нагласува претседателот, толкав е капацитетот на судиите да ги напишат.

- Граѓаните да знаат дека во овој суд навистина се работи, сите се посветени на својата работа. Работат максимално. Нема никакво чекање, но човечкиот капацитет е толкав. Се изнаоѓаат секакви решенија за да се постапи, но толкави се и можностите на луѓето, дециден е Бајрамоски.

Подвлече дека секој вработен во судот дава максимално од себе да постапат навреме и да се задоволат сите страни.

- Високата старосна граница кај судиите ќе се надополнува со објавување нови огласи, како и со времено упатување на судии во други судови каде има потреба, согласно чл.39 од Законот за судовите, а по претходно направени анализи за потребата од судии, потврдија за МИА од Судскиот совет.

Штипскиот суд работи со половина капацитет, половина од потребните судии и во Кавадарци

Слична е состојбата и со останатите судови низ државата. Штипскиот основен суд работи со преполовен капацитет, како со судии, така и со судски службеници. Од предвидените 19 судии, вработени се 13, од кои на еден судија функцијата му е во мирување. Тој во моментот е претседател на Судскиот совет.

Претседателот на Основниот суд во Штип, ја нагласи потребата за пополнување на испразнетите судиски места, но и за судски службеници.

Основниот суд во Штип кубури и со судии, но и со судски службеници. Овој најголем суд во Брегалничкиот регион треба да има вработени 19 судии, но во него официјално има 13 судии, од кои на ед

- Факт е дека имаме недостаток на судии во сите судови. Имаме судови како што е на пример судот во Делчево, каде има само еден судија, па има потреба од делегирање судии од други судови. Судот во Берово исто така е без избрани судии, вели Андонов.

Основниот суд во Штип, како што подвлече, работи со половина капацитет, во овој суд не се пополнуваат судиски места, ниту пак на службениците.

- Согласно систематизацијата во Основен суд-Штип предвидени се 120 работни места, од кои моментално се пополнети седумдесеттина, со што може да се каже дека нашиот суд работи со половина капацитет. Имајќи го во предвид ова, како и големиот број на предмети, коишто во текот на годината ги добиваме во нашиот суд, можам навистина да кажам дека и судиите и судската служба дава огромни напори за совладување на овие пристигнати предмети и покрај тоа што работиме со намален број на судии и на судски службеници. Сепак ние успеавме минатата година да примиме поголем број предмети, но и да решиме предмети од претходната година. Имено, примени се некаде околу 23.500 предмети, а решени се над 23.000, што навистина е бројка за почит. Сепак се надеваме дека во догледно време ќе се реши овој проблем со бројот и на судиски службеници и судии, со што работата на судот би била далеку поефикасна и поуспешна, изјави Андонов.

null

Потсети на предлогот при запишување на Академијата за судии и обвинители да се знае кој кандидат каде ќе биде прераспределен и во кој суд, со цел да се пополнат испразнети судиски места.

- Тој предлог е на повеќе колеги-практичари и мислам дека тука сите можеме да се согласиме и најверојатно тоа е составен дел и на предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители и колку што сум информиран се уште е во Собраниска процедура. Апелирам постапката да биде што побрзо и поефикасно завршена со цел подоцна да се имплементира во пракса. Навистина би било пожелно при апликацијата за Академија да имаме веќе определена квота на број на судиски и обвинителски места по Апелациони подрачја, со цел подоцна полесно да оди нивното прераспределување, нагласи Андонов.

Согласно систематизацијата на работните места и Основен суд Кавадарци работи со половина капацитет. Според претседателот Лазар Нанев, од предвидените десет судии, во моментот судиската функција ја извршуваат петмина. Додека еден судија бил подолго време на боледување.

- Тоа е еден сериозен проблем и сериозен удар во остварувањето на основните надлежности на судот. Бидејќи како суд со проширена надлежност, не сме во можност да ја остваруваме основната функција, постапување на сите видови предмети, особено на предмети каде што се суди петорка, тоа се исклучително тешките предмети. Морам да потенцирам дека скоро секој втор предмет што доаѓа во судот, е таков. Бидејќи, согласно законот за кривична постапка, судијата на претходна постапка и судиите коишто ги сочинуваат Советот за оцена на обвинителниот акт, не можат понатаму да постапуваат како судечки судии. Доколку се работи за петорка, неопходно е потребно двајца судии, судии професионалци. Еден судија на претходна постапка, тројца за оцена на обвинителен акт и останува само еден судија. Во таа ситуација нема можност за постапување, па судот е приморан да побара од страна на Апелациониот суд, предметот да биде делегиран на друг суд, појасни Нанев за МИА.

Посочи дека од Судскиот совет барале да се изврши делегирање на судии кои ќе можат да постапуваат, од другите судови.

- Морам да потенцирам и она што е важно, дека недостатокот, или малиот број судии, значително ја отежнува работата на судот, ја доведува во прашање неговата ефикасност и ажурност, постапување во разумен рок. Бидејќи од петмината судии, двајца постапуваме како кривични судии, тројца како граѓански судии, а истовремено тие се вклучени и во делот на кривичните совети и во Советот за оцена на обвинителниот акт. Тоа ја проблематизира и отежнува работата, нагласи Нанев.

Алармантна е состојбата и во Прилепскиот основен суд, со преполовен капацитет работи и судот во Куманово

За нормално функционирање на Основниот суд во Прилеп, каде некогаш имало 27 судии, потребни се барем 18, но таму во моментот има само шест, од кои еден е претседател и едне позајмен од Ресенскиот суд.

Претседателот на судот Зоран Стеваноски, кој деновиве треба да замине во пензија информира дека на делегираниот судија од Ресен мандатот му е до крајот на годината, што дополнително ќе ја влоши состојбата.

- Недостигот од судии доведува до неажурност на Судот и опаѓање на квалитетот. Што е најбитно, предметите ќе застаруваат, изјави Стеваноски.

Според него, состојбата е алармантна веќе две години. Шестмината судии не можат да стигнат да ги разгледаат, а камоили да отоврат рочишта за предметите.

- Се очекуваат еден до двајца судии со завршена Академија, но тоа е работа на Судскиот совет. А за конкретно кога, нема никаква најава, вели Стеваноски.

Од предвидените 35 судиски места во основниот суд Куманово, во моментот има 20 заедно со в.д. претседателот, кој не постапува по предмети. Еден судија е избран за претседатело на Основен суд Кратово, а еден е член на Судскиот совет, односно судот во моментот работи со 18 судии, од кои еден е в.д. претседател.

Според Основниот суд Куманово, за нормално да функционира и ефикасно и ажурно да постапува ќе може доколку има на располагање најмалку 25 судии.

- Пред повеќе години овој суд имаше 35, а во еден период и 38 судии, но последните години поради исполнување на условите за старосна пензија голем дел од судиите, заминале во пензија. И покрај зголемениот обем на работа судиите секој месец ја постигнуваат нормата, која е утврдена со одлука на ССРМ. Некои судии работат и по неколку материи. И покрај тоа што судот работи со намален број судии и зголемен обем на работа, пет години по ред е оценет како ажурен суд, соопшти Судот за МИА.

Основниот суд во Тетово работи со 11 судии помалку, во Кочани недостигаат четворица, а во Виница двајца судии

Во судот во Тетово, пак, според систематизација и утврдување на оптималниот број на судии од страна на Судскиот совет треба да има 26 судии, но сега има 11 судии помалку.

- Во февруари 2023 година од Основен суд Гостивар е делегирана една судијка, која работи во одделот за парнични постапки. Од Академијата на судии и обвинители очекуваме да изберат и со тоа да дојдат уште двајца нови судии. Најмногу предмети има во одделот за парнични постапки, каде одредени судии имаат и по повеќе стотици предмети, информира претседателот Хасан Асани.

Во текот на 2022 година, поради пензионирање, работниот однос им престанал на осум судии, додека на еден судија функцијата му мирува од септември лани, бидејќи станал член на Судскиот совет. Годинава во пензија треба да одат уште двајца судии. Така во моментот работат 14 судии и претседателот.

Со специфични кадровски проблеми се соочуваат и основните судови во Кочани и Виница, со оглед што немаат доволно судии, а обемот на работа не им е намален. Иако состојбата е слична на ниво на целата држава, сепак двете судски институции подолг период очекуваат надополнување на потребниот број судии, за да можат нормално да ги извршуваат своите задачи.

Во Основниот суд Кочани, кој има проширена надлежност и за дел од соседните општини, од предвидените десет во моментот се вработени осум судии, а еден од нив истовремено е и претседател на Судот. Проблемот е многу поизразен затоа што двајца од судиите се делегирани на работа во основните судови во Виница и Берово. Тоа значи дека и за кривичните и за прекршочните постапки на територијата што ја покрива инстуцијата ангажирани се само шест судии, односно еден судија работел на околу 5.600 жители.

Здружението на судска администрација реагира на Листата за вакцинирање и бара информација врз основа на кои критериуми Судскиот совет ја изработи листата за вакцинирање на вработени во судови

- Состојбата уште повеќе ќе се усложни кон крајот на оваа година поради тоа што во септември еден судија ќе замине во пензија. Според најавите од Судскиот совет очекуваме во наредниот период да добиеме еден судија, но постапката за негово активно вклучување во процесот веројатно ќе потрае поради процедурите, истакна Марија Стојанова, судски администратор во Основниот суд во Кочани.

Во Основниот суд Виница, наместо потребните тројца има само еден судија, кој истовремено е и негов претседател. Решавањето на предметите се одвива отежнато, а извесно олеснување во реализацијата е работењето на делегираниот судија од Основниот суд во Кочани. 

Фото: МИА

Слаѓана Стојкова Костоски - Струга

Викторија Димитрова-Јованова - Штип

Светлана Дарудова - Кавадарци

Елизабета Митревска - Прилеп

Александра Максимовска - Куманово

Александар Самарџиев - Тетово

Тони Ајтовски - Кочани

 

 

Остани поврзан