• четврток, 28 март 2024

АМС договори соработка со Министерството за млади и спорт на Турција

АМС договори соработка со Министерството за млади и спорт на Турција

Скопје, 2 февруари 2023 (МИА) - Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и министерот за млади и спорт на Република Турција потпишаа меморандум за соработка.

По тој повод Мојсовски изрази огромно задоволство за започнувањето ново поглавје за соработка.

- Нашите заложби и напори за поддршката на младите луѓе и спортистите се препознаени од земјите во регионот и пошироко. Младите и спортистите насекаде се соочуваат со исти или слични предизвици и токму затоа е многу важно да бидат поврзани, да се во постојана комуникација со цел да развиваат и разменуваат меѓусебно идеи и да работат за исти цели. Постојано вложуваме  во младите и ќе споделиме искуства во областа на младинските политики, службеник за млади, креирање на младинска стратегија, младински центри и закон за млади, истакна Мојсовски.

Тој додаде дек меморандумот ќе овозможи размена на искуства и знаење поврзани со развојот на младинското лидерство, претприемништво, иновации и младински кампови, како и обезбедување заедничко младинско учество на курсеви, конференции, и академски програми, поддржувајќи заеднички културни активности.

-Во делот на спортот споделуваме и разменуваме искуства по однос на правната легислатива во спортот, спортска инфраструктура, размена на искуства за спортска рехабилитација и отпочнување на поинтензивна соработка помеѓу националните спортски федерации во олимписките спортови. Ќе направиме размена  на искуства и соработка помеѓу тренери, експерти и истражувачи кои работат на полето на Олимписките спортови, спортската наука, спортската медицина како и спортското право. Ќе ја Поттикнеме соработката  помеѓу спортските  организации од двете земји со цел да се олесни организацијата на заеднички научни семинари и конференции. Младите се нашата иднина, а спортот е она што не познава граници , и сите не обединува, додаде Мојсовски

Со оваа соработка ќе се зголемат спортските достигнувања на двете земји, предвидено е да се организираат меѓусебни тренинг кампови, пријателски натпревари и заеднички тренинзи како и Соработка во областа на борбата против допингот во спортот. зс/

Остани поврзан