Американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ го напушти Тајланд по неколкудневен престој
- Американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ денеска го напушти Тајланд по петдневен престој во пристаниште, со што заврши паузата од продолженото распоредување кое вклучуваше операции на Блискиот Исток, соопшти американската морнарица.
Бaнгкок, 6 септември 2026 година (МИА) - Американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ денеска го напушти Тајланд по петдневен престој во пристаниште, со што заврши паузата од продолженото распоредување кое вклучуваше операции на Блискиот Исток, соопшти американската морнарица.
„Сакаме да им се заблагодариме на луѓето од Тајланд за нивното неверојатно гостопримство“, рече Ден Килер, командант на носачот на авиони „Абрахам Линколн“.
Поморското распоредување обично трае од шест до девет месеци, но во периоди на конфликт може да биде продолжено.
Носачот на авиони, со околу 5.000 луѓе, беше вклучен во американската поморска блокада и борбените операции во војната со Иран и, според некои членови на Конгресот, постави рекорд по бројот на последователни денови на море. зш/
фото ЕПА