• среда, 06 декември 2023

Алтернатива - Движење Беса - Демократско движење: Косово што поскоро да стане членка на НАТО

Алтернатива - Движење Беса - Демократско движење: Косово што поскоро да стане членка на НАТО

25 септември 2023 

Вчерашниот напад врз полицијата на Косово од страна на терористите поддржани од Србија е јасен показател дека целите и политиките на Србија се исти како и на Русија која во моментов врши агресија врз Украина.

Затоа, меѓународниот фактор, САД и ЕУ, мора да дејствуваат за да не се случи втора Украина на Балканот. Цениме дека САД, како главен партнер и пријател на Албанците и Косово, но и ЕУ, треба да ги искористат сите можни механизми за Косово што поскоро да стане членка на НАТО. 

Со оваа ќе се запре сценариото за втора Украина, ќе се гарантира територијалниот интегритет на Косово и ќе се обезбеди мир во целиот регион.

Се додека Србија не може да се отцепи од Русија, мирот во Европа и на Балканот е загарантиран само со членството на Косово во НАТО.

Алтернатива

Движење БЕСА

Демократско Движење

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан