• вторник, 28 ноември 2023

Албанија продолжува со увоз на струја

Албанија продолжува со увоз на струја

Тирана, 24 септември 2023 (МИА) – Неповолната хидрологија и во текот на месец септември, ја принуди Албанската електроенергетска корпорација, КЕШ, да продолжи со увоз на електрична енергија.

Така, за следната седмица, од утре до први октомври, ќе увезе струја во вредност од 6 милиони евра, по цена од 94 до 114 евра за мегават.

– Го следиме нивото на водата како и дотокот во ХЕ на каскадата на реката Дрим. Долгиот период без дожд во летниот период услови нивото во акумулацијата „Фиерза“ да достигне 271,41 метри. Пад на нивото на водата е забележан и во хидроцентралите Коман и Вау и Дејес. Увозот е мерка преземена за одржување на нивото на водата во акумулациите, соопшти КЕШ.

За периодот од 18 до 24 овој месец КЕШ од увоз набавила 42 илјади мегавати во вкупна вредност од 4,1 милион евра, по цена од 98 евра по мегават-час електрична енергија. вт/

Фото: КЕШ

Остани поврзан