• недела, 22 септември 2024

Авионот на италијанскиот министер за одбрана Крозето морал принудно да слета

Авионот на италијанскиот министер за одбрана Крозето морал принудно да слета

Рим, 14 јуни 2024 (МИА) - Авионот со кој италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето се враќаше во Италија од состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел денеска мораше принудно да слета на воениот аеродром Чампино во Рим.

Според упатени извори, слетувањето било неопходно поради чад во багажникот на авионот, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО денеска во Брисел го завршија дводневниот состанок на кој постигнаа договор за долгорочна безбедносна помош и воена обука за Украина, пред планираниот самит од 9 до 11 јули, со кој ќе претседава од американскиот претседател Џозеф Бајден, кога се очекува лидерите на НАТО да ја најават финансиската помош за Украина. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан