Операторот на електроенергетската мрежа во Шпанија сака да ги зајакне енергетските врски со Франција
- Операторот на електроенергетската мрежа во Шпанија, Ред Електрик по големиот дефект на електроенергетскиот систем на Пиринејскиот Полуостров, денеска вети дека ќе ги зајакне енергетските врски со Франција, вклучително и преку Бискајскиот Залив.

Мадрид, 29 април 2025 (МИА) - Операторот на електроенергетската мрежа во Шпанија, Ред Електрик (РЕЕ) по големиот дефект на електроенергетскиот систем на Пиринејскиот Полуостров, денеска вети дека ќе ги зајакне енергетските врски со Франција, вклучително и преку Бискајскиот Залив.
Шефот на операциите на системот РЕЕ, Едуардо Прието изјави дека поголемата поврзаност со другите оператори ќе го направи електроенергетскиот систем на Шпанија постабилен и посигурен.
Француската компанија РТЕ, која управува со француската електроенергетска мрежа, вчера ги негираше извештаите дека вчерашниот прекин на електричната енергија во Шпанија и Португалија наводно бил предизвикан од пожар на далновод меѓу градовите Нарбон и Перпињан во Франција. рп/
Фото: МИА архива