Вински музеј Кавадарци отсега и со самофинансирачки дел за самоодржливост
- Вински музеј Кавадарци донесе Правилник со што, практично, отсега има и самофинансирачки дел за самоодржливост. Како што појасни директорката Весела Честоева за МИА, ова значи дека освен што добива финансиски средства од кавадаречката Општина, Музејот сега ќе може во еден дел и да се самофинансира, со издавање на сопствениот простор под закуп на одредено време на различни субјекти, за организирање културни манифестации.

Кавадарци, 26 септември 2023 (МИА) - Вински музеј Кавадарци донесе Правилник со што, практично, отсега има и самофинансирачки дел за самоодржливост. Како што појасни директорката Весела Честоева за МИА, ова значи дека освен што добива финансиски средства од кавадаречката Општина, Музејот сега ќе може во еден дел и да се самофинансира, со издавање на сопствениот простор под закуп на одредено време на различни субјекти, за организирање културни манифестации.
-Музејот уште од пред некое време има и друга основа за обезбедување на дел со самофинансирање, преку продажба на вина во винотеката во центарот на градот. Една од главните цели впрочем на музејот е самодржливоста како развојна компонета во функционирањето на оваа институција, нагласи Честоева.
Правилникот за утврдување на надомест за остварување на програмска, деловна и техничка соработка со други субјекти, денеска беше усвоен од Советот на Општината Кавадарци.
Според овој документ, средствата од самофинансирачкиот дел на музејот сместен во градскиот парк, ќе се користат за стабилност во работењето, заштита, создавање на услови за развој и одржување на настани поврзани со лозаровинарството и винскиот туризам, подобрување на квалитетот на услугите. свд/мч/
фото: МИА