0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Столтенберг од Загреб: Северна Македонија влегува во НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција со претседателот Зоран Милановиќ денеска во Загреб објави дека Северна Македонија ќе стане членка на Северноатлантската алијанса за неколку недели. Тој и се заблагодари на Хрватска за поддршката на нејзината политика на отворени врати.

Загреб, 4 март 2020 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, вечерва во Загреб изјави дека Северна Македонија набрзо ќе биде 30 земја членка на Алијансата.

Како што јави дописникот на МИА, Столтенберг ова го кажа по средбата со хрватски премиер Андреј Пленковиќ.

– Го поздравуваме фактот дека Хрватска е силен поддржувач на политиката на отворени врати на НАТО. И наскоро, за неколку недели, Северна Македонија ќе стане 30-та членка, што укажува дека нашата врата останува отворена – изјави Столтенберг.

Столтенберг во Загреб освен со премиерот, се сретна и со новиот претседател Зоран Милановоќ. ав/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close