0_Web_АктуелноSvet.SlajderСветСвет.Портал

Столтенберг: Историска шанса за засилување на единството меѓу ЕУ и САД

Имаме историска можност да изградиме посилно партнерство, да ја вратиме довербата и да го зајакнеме единството меѓу Европа и Северна Америка, рече Столтенберг од Минхенската безбедносна конференција (МСЦ), на панелот за трансатлантските односи.

Минхен, 19 февруари 2021 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска оцени дека новите трансатлантски односи се наоѓаат пред голема пресвртница и дека основите на новата трансатлантска агенда треба да бидат поставени на самитот на европските и американски партнери од НАТО во Брисел во 2021 година.

-Имаме историска можност да изградиме посилно партнерство, да ја вратиме довербата и да го зајакнеме единството меѓу Европа и Северна Америка, рече Столтенберг од Минхенската безбедносна конференција (МСЦ), на панелот за трансатлантските односи.

Столтенберг истакна дека светот во моментов се соочува со големи предизвици, вклучувајќи ги подемот на Кина, дестабилизирачкото однесување на Русија, климатските промени и тероризмот.

-Ниту еден континент, ниту една земја не може да им се спротивстават сами. Затоа сакаме трансатлантската солидарност да ја покажеме на дело, кажа Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО ги повика сите членки на Алијансата на единство во заедничката одбрана, пристап до безбедносните прашања, како и подобра координација за отпорноста на општествата, зајакнување на комуникациите, развој на технологијата и обезбедување извори на енергија и вода.

Тој, исто така, предупреди и на потребата од одбрана на меѓународниот правен поредок и истакна дека подемот на Кина е нешто што може да донесе потенцијални ризици за безбедноста и просперитетот на трансатлантската заедница.

-Европа и Северна Америка мора да го бранат меѓународниот правен поредок соочен со предизвиците на авторитарните сили. Кина и Русија се обидуваат да ги прецртаат правилата за да им служат на нивните интереси, рече Столтенберг.

Тој го повика НАТО да создаде нови партнерства низ целиот свет и да преземе решителна акција за да ги натера другите да ги почитуваат правилата. сд/

Back to top button
Close
Close