СветСвет.Портал

Столтенберг го повика Иран да соработува во истрагата за падот на украинскиот авион

Иранските воздушни одбранбени сили можеле да го соборат украинскиот патнички авион кој во средата се урна во близина на Техеран, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Брисел, 10 јануари 2020 (МИА) – Иранските воздушни одбранбени сили можеле да го соборат украинскиот патнички авион кој во средата се урна во близина на Техеран, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

– Важно е да ги утврдиме сите факти. Го повикав Иран целосно да учествува и да придонесе за транспарентна и темелна истрага. Немаме причина да не веруваме во извештаите на другите членки на НАТО што ги видовме и во кои се наведува дека авионот можел да го собори иранскиот систем за противвоздушна одбрана, рече Столтенберг.

Тој додаде дека поради тоа е потребна темелна истрага, за да се утврдат фактите.

– Поради тоа е неопходно во целост да соработуваме со иранската страна, истакна тој.

Украински патнички авион со 176 патници во средата се урна кусо време по полетувањето од аеродромот во Техеран. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close