СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Столтенберг бара итно Сирија и Русија да запрат со нападите во Идлиб

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги повика Сирија и Русија веднаш да ги прекинат воздушните напади на Идлиб и целосно да ги почитуваат своите меѓународни обврски.

Брисел, 28 февруари 2020 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги повика Сирија и Русија веднаш да ги прекинат воздушните напади на Идлиб и целосно да ги почитуваат своите меѓународни обврски.

Изјавата ја даде по денешната вонредна средба со амбасадорите на државите-членки на Алијансата, на барање на Турција.

Сојузниците изразија поддршка за Турција. Ситуацијата е опасна и мора да се смири. – Ние повикуваме на итно продолжување на прекинот на огнот и обезбедување хуманитарен пристап, додаде Столтенберг.

Тој истакна дека Турција е сојузник на НАТО, кој претрпе најмногу терористички напади, прими најголем број бегалци и најтешк е погоден од ситуацијата во соседна Сирија. Столтенберг додаде дека НАТО ќе продолжи да ја следи ситуацијата долж турско-сириската граница. ссм/

Back to top button
Close
Close