БалканБалкан.Портал

Столтенберг ја поздрави најавата за авиолинија Белград-Приштина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја поздрави најавата за воспоставување дирктна авионска линија меѓу Белград и Приштина. 

Брисел, 20 јануари 2020 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја поздрави најавата за воспоставување дирктна авионска линија меѓу Белград и Приштина.

Авиопревозниците Еуровингс и Луфтханза денеска во Берлин потпишаа писмо со намери за воспоставување директни летови меѓу Белград и Приштина.

„Тоа е многу важен чекор, кој ќе овозможи полесен и побрз проток на луѓе и стока на подрачјето на Западен Балкан“, оцени Столтенберг преку соопштение. ссм/

Back to top button
Close
Close