Политички партии

Стоилковски: Заканите по живот се мафијашка порака од Заев?

Дали ова зад мене е централата од каде што се упатуваат повици со закани за ликвидација на Боки 13. Пред само неколку дена тој кажа дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заеви, пораки во време додека тој дава исказ пред Јавен обвинител и поднесува кривична пријава?

Скопје, 26 јуни 2020

Дали ова зад мене е централата од каде што се упатуваат повици со закани за ликвидација на Боки 13. Пред само неколку дена тој кажа дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заеви, пораки во време додека тој дава исказ пред Јавен обвинител и поднесува кривична пријава?

Заканите кон Боки 13 една недела откако тој на суд, пред целата јавност кажа дека милионите од Рекет завршиле кај браќата Заеви, се мафијашки пораки на Заев до Боки 13.

Боки 13 е човекот кој што сите го видоа како ја носи чантата Луј Витон полна со рекетирани милиони, и самиот тој кажа дека токму тие милиони завршиле кај Зоран и кај Вице Заеви.

Затоа ли исказот на Боки 13 наместо да заврши веднаш и да се започне со постапка, завршувањето на неговиот исказ е закажан за 3 јули, односно после цела недела откако се упатени заканите.

Се остава ли простор, за дополнителни закани, за упатување на пораки, правно кажано за влијание врз пријавувачот среде исказ за да се предомисли и да ги сокрие вистините, за кој што тој одлучил да зборува?!

Се остава ли простор повторно да се сокрие вистината, кој стои зад Рекет и кои се нарачателите на најголемиот скандал во Македонија, за кој што веќе има правосилна пресуда за извршителите?!

Никој веќе не верува дека шоуменот Боки 13 е креатор, творец и извршител на милионски рекет. И дека зад тоа нема политички силни фигури, со злоупотреба на државни институции и функции.

Уште што треба да се случи за Русковска и Јовевски да се симнат од скутот на Зоран Заев?

Ова е грдата слика за мафијашкото милје во земјава на чие чело се наоѓа врхушката на власт, која што ја има заробено Македонија повеќе од 3 години.

Македонија повеќе не може да прави компромиси со криминалот, рекетарските здруженија и мафијашките кланови на забеганото СДСМ.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close