Политички партии

Стоилковски: Шилегов го втурна Скопје во синџирот на струмичкото бизнис-лоби со роднинско тендерски спреги

Петре Шилегов го втурна Град Скопје во синџирот на струмичкото бизнис-лоби со роднинска- тендерска спрега во Дрисла.

Скопје, 30 април 2020

Петре Шилегов го втурна Град Скопје во синџирот на струмичкото бизнис-лоби со роднинска- тендерска спрега во Дрисла.

Град Скопје и Петре Шилегов мора да одговорат како и зошто заедно со Коста Начевски – директорот на ЈП Дрисла, во 4 очи ја одбираат Алпима ТИМ од Струмица на Александар Пиперевалиев, за да и дадат над 12 милиони денари за изнајмени градежни машини на три месеци?

Пиперевалиев е близок со кланот Заеви и е во роднинска спрега со Генералниот Секретар на Владата, Драги Рашковски. Директорот на ЈП Дрисла е прв братучед на сопругата на Драги Рашковски.

Додека во Македонија фирмите пропаѓаат поради кризата, се стимулираат фирми да отпуштаат работници, оваа братучедско- клановска спрега преку Град Скопје на Петре Шилегов во 4 очи си делат тендери над 12 милиони денари.

Почитувани,

Институциите бегаат од одговор, сакајќи скандалот во оваа вонредна состојба среде епидемија да биде незабележан од јавноста. Срамно и жалосно е што додека државата мака мачи со здравствените и економски последици, СДСМ во секоја прилика гледа да намести по некој нов тендер.

Податоците се јасни, За само три месеци СДСМ смислено ограбила 120 милиони евра од буџетот, ги дозадолжи граѓаните, само и само за изборен поткуп за изборите кои што се одложија.

Државата тоне во долгови, а тие местат тендери. За ова некој мора да одговара и ќе одговара. Институциите мора да се одважат и да реагираат. Во спротивно, многу набрзо ќе има ревизија на сите тендери за кои има сомнеж дека се наместени, а верувајте нив ги има многу.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close