Политички партии

Стоилковски: Легализирана дивоградба среде земјоделско земјиште во Босилово

Нов објект - дивоградба, легализирана на брза лента, врз основа на лажни изјави и издадени документи, за да се добие цела една лиценцирана фабрика за марихуана на колега – експратеник на Зоран Заев.

Скопје, 21 септември 2020

Злосторничкото здружение на СДСМ Фабрика за крими – легализација мора да биде предмет на обвинителска истрага.

Нов објект – дивоградба, легализирана на брза лента, врз основа на лажни изјави и издадени документи, за да се добие цела една лиценцирана фабрика за марихуана на колега – експратеник на Зоран Заев.

Оној со чиј што потпис е легализирана новата дивоградба, градоначалникот на Босилово, Зоран Зимбаков јавно признава дека за да се легализира новата дивоградба среде земјоделско земјиште, бил променет урбанистичкиот, планскиот опфат на општината. А, сето тоа врз основа на, според сателитските фотографии, изработен геодетски елаборат со лажни податоци, изработен од друг висок партиски функционер на СДСМ!

Значи целиот градежен урбанистички опсег се менува, се изработуваат документи, за да се излезе во пресрет на нарко – бизнисот на СДСМ.

За криминалната легализација, во кој што главната нишка е градоначалникот Зимбаков, Советот на Босилово, водено од Ѓорги Аризанов – висок партиски кадар на СДСМ во Босилово, го проширува урбанистичкиот план на Босилово, за да ја легализира новата градба на друг висок кадар на СДСМ – Драган Ѓоргиев. Дали ова не е злосторничко здружување со јасна цел?

Според сателитските фотографии, градбата е почната во март/април 2018 година, направен е пат и чистење на градежниот терен. И за тоа, немало ниту дозвола, ниту решение за градба. Зошто инаку би се ваделе документи со лажни податоци за легализација?

Со тоа, со бесправната градба и понатамошната легализација, прекршени се Законот за земјоделско земјиште и изградба на него објекти кои што не се опфатени со тој закон.

Со дивоградбата и криминалната легализација прескокнати се министерства кои требало да дадат согласност за негова изградба, а тоа пред се се министерството за земјоделство, потоа министерството за животна средина, па министерството за финансии, за на крај да мора да има и одлука на Влада за градење во земјоделско земјиште за да може да има некаква легална фабрика на поранешниот колега на Зоран Заев. А, сето тоа би траело најмалку една година.

Целта е јасна, се брзало да се стигне на време за екс пратеникот Драган Ѓоргиев да ја добие лиценцата за марихуана од неговиот колега Зоран Заев. Е па била ли ветена лиценца и дадено ли било зелено светло од Зоран Заев за ваква крими – легализација, за потоа лично Заев на својот колега од парламентот да му издаде лиценца за вносен бизнис?

Мафијата на власт посакува овој случај да се забошоти, и да исчезне од фокусот на вниманието. Но со фингирани спектакли нема борба со корупција, ниту право, ниту правда во Македонија. Четврта година е полна со скандали, криминал и корупција, и нема реална вистинска борба со високата корупција со било кој член на актуелната власт. Доколку не започне истрага за скандалот мафија за крими-легализација, ЈО ќе се претвори во параван на мафијата!

Или мафија или Македонија!

Новинарско прашање: Ваш коментар во однос на случувањата со Комитите и нивното скандирање?

Одговор на новинарско прашање: ВМРО-ДПМНЕ осудува и не поддржува говор на омраза. Но, ова е многу пошироко општествен проблем и го доведува во прашање однесувањето и одговорноста на институциите дали работат или воопшто не работат на превенција бидејќи најмалку три години се зборува и се пласира една флоскула „едно општество за сите“. Ова не е едностран инцидент, ниту е нов инцидент, нешто што не е забележано досега. Институциите мора да имаат предвид и да реагираат и да превенираат и да ја осудат и пошироката слика на пример од стадионите во Чаир и во Тетово каде што исто така има сериозно прекршување и сериозно испраќање на порака, говор на омраза. Уште еднаш порачувам дека ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза и не поддржува говор на омраза, но ова е пошироко општествен проблем за кој што мора да се работи на превенција.

Прес-конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close