Biznis.SlajderSvet.SlajderБизнисБизнис.Портал

СТО: Намален раст во трговијата со услуги поради коронавирусот

На почетокот на 2020 година дојде до намалување на растот на глобалната трговија со услуги  бидејќи пандемијата од коронавирус влијаеше врз глобалната економија, особено врз авиосообраќајот и контејнерскиот превоз на товари, соопшти синоќа Светската трговска организација (СТО).

Женева, 12 март 2020 (МИА) – На почетокот на 2020 година дојде до намалување на растот на глобалната трговија со услуги  бидејќи пандемијата од коронавирус влијаеше врз глобалната економија, особено врз авиосообраќајот и контејнерскиот превоз на товари, соопшти синоќа Светската трговска организација (СТО).
Показателот на трговијата со услуги е опаднат на 96,8 бода од претходните 98,4 бода, што беше забележан во септември минатата гдоина. Резултатите помали од 100 бода укажуваат на раст на трговијата под просечениот тренд.

СТО напоменува дека новите бројки не го опфаќаат во целост економското влијание на новиот коронавирус, како и дека индексот во следните неколку месеци може дополнително да опадне.

Најголемиот пад е забележан во превозот на патници и во контејнерскиот превоз на товари, а послаби од просечните трендови се и секторите за финансиски и ИТ-услуги. Во градежниот сектор движењата се горе-долу непроменети.

Растот на светската трговија со услуги континуирано опаѓаше во текот на цела 2019 година, од 4,7 отсто во првото тримесечје на 2,8 отсто во третото тримесечје, наведе СТО. сд/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close