0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Сто и осумдесет државјани на Северна Македонија вечерва слетуваат од Бон

Авион со 180 државјани на Република Северна Македонија се очекува да слетаат вечерва по полноќ од Бон.

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Авион со 180 државјани на Република Северна Македонија се очекува да слетаат вечерва по полноќ од Бон.

Ова го објави Владата на Северна Македонија на својот Фејсбук профил.

-Осум автобуси се подготвени, со темелна дезинфекција, со заштита на возачите и со обезбедени закуска и вода за патниците. Согласно протоколите за државни карантини, граѓаните ќе се упатат во хотел Дрим во Струга, каде ќе поминат 14 дена во изолација, се наведува во објавата. ац/

Back to top button
Close
Close