0_Спорт.ПорталФудбал

Стојановски: Сите знаеме колку е важен за нас натпреварот со Косово

Македонскиот фудбалски репрезентативец Влатко Стојановски се надева на успех на средбата со Косово. Тој вели дека сите негови соиграчи се подготвени за дуелот кој е претпоследна пречка на патот кон Европското првенство.

Скопје, 6 октомври 2020 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Влатко Стојановски се надева на успех на средбата со Косово. Тој вели дека сите негови соиграчи се подготвени за дуелот кој е претпоследна пречка на патот кон Европското првенство.

  • Од нас фудбалерите може да очекувате дека ќе го дадеме максимумот. Сите знаеме што значи овој натпревар, како за нас, така и за целата држава. Мислам дека ќе биде тешка средба, ама се надевам дека ќе го победиме Косово. Нивната игра добро ќе ја анализираме. Ќе с епотрудиме со нашиот квалитет д аги нападнеме нивните слаби страни и на крајот да се радуваме на победа, изјави напаѓачот Стојановски.

На 8 октомври на Националната арена „Тодор Проески“ македонските фудбалери се домаќини на косовската селекција во полуфиналето од плејофот во Лигата на нации. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close