Политички партии

Стојаноска: Заев да ги разреши Смаиловиќ и Бојаровски

Зоран Заев наместо да пишува празни памфлети на социјалните мрежи веднаш да ги разреши Мерсиха Смаиловиќ од позицијата во СДСМ и Зоран Бојаровски од позицијата советник на премиерот во владата.Антисемитизмот и говорот на омраза од функционери на СДСМ не смее да остане неказнет.

8 јануари 2020

Дафина Стојаноска – член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Зоран Заев наместо да пишува празни памфлети на социјалните мрежи веднаш да ги разреши Мерсиха Смаиловиќ од позицијата во СДСМ и Зоран Бојаровски од позицијата советник на премиерот во владата.Антисемитизмот и говорот на омраза од функционери на СДСМ не смее да остане неказнет.

Празната осуда без конкретни дела е поддршка за нападот на верска и национална основа врз Рашела Мизрахи од функционери на неговата партија.

Неказнивоста сега, ќе значи поддршка на расистичките и нацистичките тенденции во СДСМ.

Осудите за антисемитизмот на СДСМ стигнаа од повеќе места во светот, но Зоран Заев останува нем на осудите и не ја разрешува Мерсиха Смаиловиќ од партиската функција, ниту Зоран Бојаровски од државната функција.

Сите го гледаме вистинското лице на Зоран Заев, тоа е лице на ширење на омраза и поделби.

Атмосферата за шиканирање на различностите е креирана од Зоран Заев.

Нездравиот амбиент во општеството мора да се искорени. Македонија мора да биде држава во која секој ќе се чувствува безбеден.

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close