0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Стојаноска: Еден денар за спортот и еден денар за културата од акцизите за нафта и нафтени деривати

Дафина Стојаноска носителката на листата за изборна единица 6, во рамки на предизборните активности во Гостивар најави дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе започне реализација на проектот еден денар за спортот и еден денар за културата од акцизите за нафта и нафтени деривати. Таа придружувана од сопартијките симболично истрачаа еден круг по гостиварските улици кој го нарече „нашиот марш до победата“.

Гостивар, 3 јули 2020 (МИА) – Дафина Стојаноска носителката на листата за изборна единица 6, во рамки на предизборните активности во Гостивар најави дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе започне реализација на проектот еден денар за спортот и еден денар за културата од акцизите за нафта и нафтени деривати. Таа придружувана од сопартијките симболично истрачаа еден круг по гостиварските улици кој го нарече „нашиот марш до победата“.

– Со Унијата на жени на Гостивар и учествувавме во еден спортски марш. На овој марш жените на Гостивар дадоа поддршка за спортот и за младите. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма „Обнова“ се обврзува дека ќе издвојува еден денар за спортот и еден денар за културата од акцизите за нафта и нафтени деривати“, истакна Стојаноска.

Стојаноска нагласи дека тоа се оние акцизи кои што СДСМ за три години владеење два пати ги зголемуваше.згм/са/

Back to top button
Close
Close