0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштество

Стивнуваат активните случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата

Стивнуваат активните случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата. Денес само два активни случаи со Ковид-19 се регистрирани на крајниот Исток, по еден во Делчево и Пехчево. Оваа бројка според надлежните дава надеж дека полека епидемијата стивнува.

Делчево, 4 септември 2020 (МИА) – Стивнуваат активните случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата. Денес само два активни случаи со Ковид-19 се регистрирани на крајниот Исток, по еден во Делчево и Пехчево. Оваа бројка според надлежните дава надеж дека полека епидемијата стивнува.

-Иако е рано да се каже дека стивнува епидемијата, сепак денешниот ден дава надеж, бидејки многу мал број од пациентите на кои се сомневавме се потврдија како активни случаи. Радува фактот што шест лица од претходно заболените се регистирани за оздравени, истакнаа од делчевскиот здравствен дом.
Апелираа и понатаму граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните и обврската за носење заштитни маски и одржување дистанца.
Вкупниот број на заболени од Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион од почетокот на пандемијата изнесува 178 пациенти. Од нив активни во моментот се 63 случаи во Делчево и М.Каменица и 76 во Берово и Пехчево. вс/бк/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close