Svet.SlajderСветСвет.Портал

Стилвел: Трамп сака да соработува со Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп сака да соработува со Северна Кореја , за да и помогне да ја развие економијата, но САД не сакаат да го гледаат продолжението на „лошото однесување“ на Пјонгјанг, изјави денеска висок претставник на Стејт департментот, Дејвид Стилвел

Вашингтон, 12 декември 2019 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп сака да соработува со Северна Кореја , за да и помогне да ја развие економијата, но САД не сакаат да го гледаат продолжението на „лошото однесување“ на Пјонгјанг, изјави денеска висок претставник на Стејт департментот, Дејвид Стилвел.

Запрашан дали Вашингтон е загрижен поради новите провокации на Северна Кореја, помошникот државен секретар Стилвел наведе дека „веќе ги слушнале заканите“.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во април им постави рок на САД до крајот на годината да покажат поголема флексибилност во преговорите, предупредувајќи дека во спротивно ќе се тргне по „нов пат“. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close