БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Стерјовски побара институционална грижа и за припадниците на малцинствата кои се дел од албанската дијаспора

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција,МАЕИ, во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски, денеска побара од Владата и министертсвото за дијаспора институционално да се грижат и да ги вклучат во своите активности припадниците на малцинствата кои се дел од албанската дијаспора.

 

Тирана,16 јули 2020(МИА) – Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција,МАЕИ, во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски, денеска побара од Владата и министертсвото за дијаспора институционално да се грижат и да ги вклучат во своите активности припадниците на малцинствата кои се дел од албанската дијаспора.

-Ја охрабруваме Владата, министерството за дијаспора, како и агенциите кои се занимаваат со дијаспората, институционално да се грижат и да ги вклучат во своите активности припадниците на малцинствата, кои како граѓани на оваа земја се дел од албанската дијаспора, изјави Стерјовски на денешнта пленарна седница на парламентот, на чиј дневен ред беа Предлог- измените и дополнувањата на законот за дијаспора.

Додаде дека повеќе од една третина од популацијата на Албанија е во емиграција.

-Нашата дијаспора е интегрирана во земјите каде што емигрира, организирана е во различни форми и дава значаен придонес во целокупната афирмација на Република Албанија во тие земји. Во голем број, дел од албанската дијаспора се и албанскитe државјани кои припаѓаат на малцинствата.Целата албанска дијаспора, вклучително и албански граѓани кои припаѓаат на малцинствата, придонесуваат за економскиот развој на земјата преку

депозитите кои ги праќаат на нивните семејства, но и преку разни инвестиции во основање на мали и средни претпријатија, вклучително и оние од областа на земјоделството, туризмот и развој на руралните области,посочи Стерјовски.

Тој смета дека земјата мора да спроведе политики за дијаспората, со цел да го промовира зголемувањето на придонесот на дијаспората, како фактор за социо-економскиот развој на земјата и да и овозможи право на глас.

Инаку, по падот на тоталитарниот режим земјата ја напуштија над 1,5 милиони албански граѓани,од нив најмногу или над 600.000 се во Грција, над 400.000 илјади во Италија, потоа во други западно европски земји,САД и Канада.вт/

Back to top button
Close
Close